
Во честитката упатена до претседателот на Исламската заедница во Република Македонија, Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, стои:
Чест ми е, вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
Бајрамските празнувања, и воопшто големите религиозни празници и народни обичаи поврзани со нив, од секогаш биле можност за почитување и зближување на луѓето од различните религии во Македонија. Изминатите времиња, искуствата и нашите постари секогаш не учеле и советувале, кога празнуваме да празнуваме заедно, покрај себе да ги имаме нашите роднини и пријатели со кои споделуваме исти верски убедувања, но и нашите соседи и сограѓани од другите религии, и на тој начин на дело да го потврдиме соживотот и пријателството. Таквиот однос може да ни донесе само добри нешта и да го помогне развојот на државата во која заеднички живееме.
Токму затоа, честитајќи ви го големиот празник, дозволете ми да го изразам своето уверување дека и во иднина ќе продолжиме да ја унапредуваме меѓусебната почит и соработката помеѓу граѓаните, верниците и религиските заедници од Република Македонија, се со цел демократски да го зајакнеме нашето општество и да поттикнеме подобар живот на секој наш граѓанин. Заеднички да продолжиме со нашите залагања за овозможување на услови за економски развој и унапредување на стандардот на граѓаните, и со работа на модернизација и реформи во секоја општествена сфера, се со цел изградба на напредна Република Македонија.
Испраќајќи ви искрени честитки за празникот, ви пожелувам среќни бајрамски празнувања исполнети со многу мир, добри мисли и добри дела во секое од вашите семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


