Новата песна „Fight for your love” на Тамара Тодевска и продукцискиот тим „Фоникс” (А.Митевски/Д.Бојанов) беше пласирана на талент топ листата и за неколку дена се најде меѓу најдобрите 10 на страната на „Спинин рекордс“. Веќе се работат и неколку различни стилски ремикси од реномирани диџеи низ светот, што говори за фактот дека „Fight for your love” е музички и продукциски одлично сработена нумера и која со ништо не заостанува зад комерцијалните денс траки кои се пуштаат.
Тамара и „Феникс” со „Fight for your love”. може да ги поддржите на страната на „Спинин рекордс“, на кој можете да гласате за оваа успешна македонска музичка сторија, а може да ја дадете вашата поддршка и на Фејсбук и Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


