| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската дизајнерка Ивана Кнез во светскиот магазин „Елукс“

„Сакате мода? Ги имаме Валентино, Стела Мекартни и Ивана Кнез, сите настроени еко настроени и прекрасни“ - пишува на „Твитер“ ссветски познатиот магазин за мода „Елукс“.

Колекцијата на рачно изработениот луксузен накит „Драма“ на нашата млада дизајнерка Ивана Кнез, се најде на страниците на магазинот Елукс.

268099_4649456527171_1050600907_n

– Родена  во 1985 година во Скопје, Македонија, Кнез го нарече нејзиниот бренд по нејзината неизмерна љубов кон театарот, и се разбира, целата драмата која што во модата се подразбира. Нејзината линија користи рециклирачки и стари материјали, а се започна со користењето на 25 години стариот памук шифон кој нејзината баба го купила во Фиренца и кој планирала да ѝ даде како мираз – пишува Елукс.

530523_4649454087110_702356840_n

Ивана раскажува за тоа колку е тешко да се успее како дизајнер на Балканот, посебно кога на твоите муштерии ќе им кажеш дека материјалите кои ги користиш се рециклирани.

564649_4649456927181_1246791353_n

Сепак, 2013-тата е одлична година за македонската дизајнерка. Таа ја издаде својата прва комерцијален колекција што ја изработи во соработка со онлајн еко продавницата „Бастет Ноар“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top