| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет и две ловишта под концесија

nidze32 ловишта во Македонија ќе бидат дадени под концесија. Од нив едно е лоцирани во Велес и едно во Тетово, по две ловишта во Прилеп, Македонски Брод и Берово, три ловишта во Свети Николе и Радовиш, осум ловишта во Битола и 10 во Штип.

„Со оваа постапка се придонесува за обезбедување на заштита и одгледување на дивечот во ловните региони, но и се нудат можности за поддршка и остварување бизнис за стопанските субјекти, за нивно функционирање во профитабилна дејност и, што за нас како Влада е најзначајно, се нудат и опции за обезбедување нови работни места и вработување на граѓаните во основните и дополнителните дејности во врска со ловиштата“, рече портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Сите заинтересирани субјекти слободно може да ја искористат оваа можност, која има бизнис потенцијал и нуди опции за остварување на профит. Покрај основната дејност која значи одгледување и грижа за дивечот, со ова се нудат и опции за воспоставување дополнителни економско-стопански содржини во ловиштата или во нивна непосредна близина од типот на сместувачки објекти, угостителски објекти и други содржини во функција на развој на ловниот туризам.

Постапката за доделувањето концесии е предвидено да заврши во период не подолг од 150 дена. Во текот на август ќе биде изготвена и одобрена тендерската документација за секое ловиште, по што кон крајот на месецот или почетокот на септември ќе следува објавување јавен повик за доделување концесија на дивечот во овие ловишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top