43 годишен скопјанец е уапсен под сомнение дека неовластено влегол во компјутерски систем на телекомуникациски оператор во земјава при што прво ги превзел а потоа ги избришал податоците кои се наоѓале во системот.
Скопјанецот Г.В. бил фатен откако единицата за компјутерски криминал во МВР ја открило адресата од каде што било пристапено во системот на операторот.
Случајот во полиција го пријавило лице чие корисничко име за влез во компјутерскиот систем било злоупотребено од Г.В.
Тој забележал дека неговото поштенско сандаче било празно без знаење и одобрување, по што единицата за компјутерски криминал од телекомуникацискиот оператор обезбедила електронски записи за пристап (логови) кон компјутерскиот систем и утврдено е дека на 12.04.2013 година извршено е најавување, односно навлегување во компјутерскиот систем за електронска пошта, со корисничкото име на оштетената и извршено е бришење на податоци во поштенското сандаче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


