| четврток, 6 декември 2018 |

Косовски дипломат пијан дивеел по загрепските улици и предизвикал неколку сообраќајки

urtak hamitiХрватската полиција го уапсила косовскиот диломат Уртак Хамити кој пијан дивеел по улиците на Загреб. Хамити веднаш бил отповикан од функцијата од Приштина.

Заменик амбасадорот во Загреб при лудувањето по загрепските улици предизвикал и неколку сообраќајни несреќи. Дивеењето било прекинато од други возачи кои го задржале додека не дошла полицијата.

Дипломатот одбил да направи алко тест, а полицијата со лисици го одвела на лекарски преглед.

Хрватска за инциндетот упатила протестна нота до Приштина, а косовскиот министер за надворешни работи го отповикал дипломатот по итна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top