| четврток, 6 декември 2018 |

Туризмот ја спасува Шпанија

brod spanija740Туризмот во Шпанија отвори нови работни места па повторно има пад на невработеноста. Вкупниот број на невработени во Шпанија во јули е намален за 64 866 лица, односно сега има 4,69 милиони невработени или 26,3 проценти. Шпанската влада соопшти дека двегодишните мерки на штедење и реформи почнале да даваат резултати, па предвидува дека до крајот на годината земјата ќе излезе од рецесија. Последен пат кога во земјата имаше пет месеци по ред пад на невработеноста беше во 2007 година, пред глобалната криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top