Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ се надева дека годишнината на акцијата „Олуја“ нема да попречи во надминување на проблемите од минатото кои им тежат на Србија и на Хрватска. Тој во интервју посочи дека на односите најмногу им тежи минатото односно воените страдања, исчезнатите, бегалци, сукцесијата, пензиите од военото време.
Сепак, предвидува дека поединечни прашања можат брзо да најдат решение, а тоа во атмосфера на добрососедство не би требало да биде голем товар.
Во врска со акцијата „Олуја“, тој се надева дека прославата нема да ја нарушат таа атмосфера, додавајќи дека „фактот за страдањата на голем број Срби во таа акција и дава за право на српската страна да има поинаков поглед (од хрватскиот)“.
„Иако, веројатно, ќе мора да се помириме со тоа дека на некои историски настани гледаме различно, очекувам и Србите со разбирање го прифатат значењето на „Олуја“ за слободата на хрватската држава. Хрватска треба со нужно почитување да се однесува кон сите жртви, да казни и да овозможи да се вратат сите кои тоа ќе го посакаат“, додава хрватскиот претседател за кого присуството на некои хрватски Срби на прославата на Олуја е важен исчекор, добар и за Хрватите и за Србите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓаволот ја однесе шегата: Kилометарска колона на косовски Срби го блокираа излезот од северна Митровица
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Падна првиот снег во Хрватска
-
Голем пожар на полуостровот Пелешац во Хрватска: Се евакуираат туристите и мештаните (видео)


