| четврток, 6 декември 2018 |

(видео) Тајван- Парламент- Тепачка

taiwan-parliament-fightНесогласувањето на тајванските пратеници за продолжување на изградбата на нова нуклеарна електрана преминало во голема тепачка во парламентот, кој денеска требало да се изјасни за распишување на референдум. Нуклеарната енергија е спорно прашање во Тајван, по катастрофата во јапонската централа Фукушима. Повеќето граѓани сметаат дека нуклеарните централи се од висок безбедносен ризик, поради честите земјотреси во тој дел од светот. Но економските аналитичари се на ставот дека без изградбата на четвртата нуклеарка Тајван би се соочил со рестрикции во снабдувањето со струја.

Членови на опозицијата во четвртокот ја заземале парламентарната сала и се противат на распишување на референдум. Денеска дошло до физичка пресметка меѓу пратениците. Двајца пратеници се истепале на подот. Во салата биле присутни и активисти во жолти маици, кои ги прскале пратениците со вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top