Профитот на германскиот авиопревозник Луфтханза е преполовен во второто тримесечие годинава заради еднократни трошоци. Од април до јуни, нето профитот на Луфтханза „се лизна“ за 42,6 проценти, на 225 милиони евра, што е многу повеќе од очекуваните 300 милиони евра. Приходите се намалени за 0,7 проценти, на 7,836 милијарди евра, додека профитот од работењето е намален за 27,4 проценти, на 431 милион евра. Што се однесува на првата половина од годината, авиокомпанијата има нето- загуби од 204 милиони евра.
-Без еднократните трошоци, профитот од работењето ќе беше поголем споредено со првата половина од минатата година, соопштуваат од Луфтханза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


