По смената на директорот на чешкиот Народен театар од страна на новиот министер за култура Јиржи Балвин, повеќе десетици актери поднесоа откази во знак на протест, јавува МИА од Прага.
– Ја испратив мојата писмена оставка. Ова не е првпат, од ден на ден да се разрешуваат директори на НД и се чини дека никакви протести, дебати или штрајкови не помагаат веќе. Не сакам за мојот живот да расудуваат луди луѓе, реагира актерот Ондреј Павелка.
Причина за отповикувањето на директорот Јан Буриан, според министерот, е тоа што тој неодамна е избран на новата функција на затворен конкурс. Против смената на Буриан е и Комисијата на прашкиот музички театар и Актерската асоцијација, како и експертската Комисија која по изборната постапка го препорача токму Буриан како најдобар кандидат. Членовите објаснуваат дека начинот на неговиот избор е согласно стандардите за избор на директор на слични институции во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2019“, Русија
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Гостивар ќе добие театар: Владата донесе одлука за основање НУ „Гостиварски театар“
-
Театарска промоција на книгата „Го силуваме ежот“ од Марјан Анѓеловски


