| четврток, 6 декември 2018 |

Ма­ке­дон­ска­та ма­ши­на на те­ре­ни­те за бејз­бол

Ке­вин Куз­ма­нов љу­бо­вта кон овој спорт, кој не е ти­пи­чен за на­ши­те про­сто­ри, ја нас­ле­дил од сво­јот пра­де­до То­ме Куз­ма­нов, кој ва­жи за еден од ле­ген­дар­ни­те су­дии во бејз­бол во 20-ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век во око­ли­на­та на Чи­ка­го

– Мно­гу лу­ѓе мис­лат де­ка сум Ру­син, ме­ѓу­тоа јас сум Ма­ке­до­нец – ва­ка Ке­вин Куз­ма­нов, аме­ри­кан­ски играч на бејз­бол со ма­ке­дон­ско по­тек­ло ја поч­ну­ва сво­ја­та при­каз­на. Три­е­сет и ед­но­го­диш­ни­от Ма­ке­до­нец, ро­ден во Њу­порт Бич во Ка­ли­фор­ни­ја, е тре­та­та ге­не­ра­ци­ја Ма­ке­дон­ци до­се­ле­ни во САД. Но, иа­ко ни­ко­гаш не бил во зем­ја­ва, не го за­бо­ра­ва сво­е­то по­тек­ло. По­сто­ја­но на аме­ри­кан­ски­те ме­ди­у­ми им по­со­чу­ва де­ка е Ма­ке­до­нец, по­ра­ди што е поз­нат под псев­до­ни­мот Ма­ке­дон­ска ма­ши­на.

Ус­пеш­ни­от спор­тист рас­тел во Евер­грин, Ко­ло­ра­до. Не е пр­ви­от играч на бејз­бол во не­го­во­то се­мејс­тво. Љу­бо­вта кон овој спорт, кој не е ти­пи­чен за на­ши­те про­сто­ри, ја нас­ле­дил од сво­јот пра­де­до То­ме Куз­ма­нов. Ток­му То­ме Куз­ма­нов е „ви­нов­ни­кот“ за аме­ри­кан­ско­то др­жав­јанс­тво на еден од нај­до­бри­те про­мо­то­ри на Ма­ке­до­ни­ја во САД.  Куз­ма­нов, кој бил ро­ден во Ма­ке­до­ни­ја, се отсе­лил пре­ку оке­а­нот. Сво­јот аме­ри­кан­ски жи­вот го поч­нал во Бен­сен­вил, Или­но­ис, а ра­бо­тел ка­ко су­ди­ја за бејз­бол. Ва­жи за еден од ле­ген­дар­ни­те су­дии за бејз­бол во 20-ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век во око­ли­на­та на Чи­ка­го. И та­тко­то на Ке­вин, Марк, се за­ни­ма­вал со спорт. По­стиг­нал зна­чи­тел­ни ре­зул­та­ти ка­ко играч на Чи­ка­го бе­арс, тим од НФЛ (аме­ри­кан­ски фуд­бал).

kevin kuzmanov2

Од хо­би до про­фе­си­ја

Бејз­бо­лот ста­ну­ва хо­би на Ке­вин Куз­ма­нов во сред­но­школ­ски­те де­но­ви. На 21-го­диш­на во­зраст се за­пи­шу­ва на Уни­вер­зи­те­тот во Ар­кан­зас, ка­де што поч­нал да тре­ни­ра за уни­вер­зи­тет­ски­от тим. Не би­ло по­треб­но мно­гу вре­ме за да се изд­вои ка­ко иск­лу­чи­тел­но та­лен­ти­ран де­сен фр­лач. След­на­та се­зо­на пре­ми­ну­ва во уни­вер­зи­тет­ски­от тим на Не­ва­да.

По ед­но­го­диш­но учес­тво на уни­вер­зи­тет­ски­те тур­ни­ри, не­го­во­то хо­би ста­ну­ва не­го­ва про­фе­си­ја. Од 2003 го­ди­на поч­ну­ва да го но­си дре­сот на Клив­ленд Ин­ди­јанс. Не­го­ва­та це­на бр­зо рас­те. По три­го­диш­на игра за не­го­ви­от про­фе­си­о­на­лен тим, го ме­ну­ва клу­бот и го об­ле­ку­ва дре­сот на Сан Ди­е­го па­дрес.  Овој тим ни­ко­гаш не за­жа­лил што од­во­ил па­ри за не­го.  По­стиг­ну­ва фас­ци­нант­ни ре­зул­та­ти, кои му по­ма­га­ат до­бро да се „про­да­де“ во 2010 го­ди­на, ко­га на 16 ја­ну­а­ри пот­пи­шу­ва до­го­вор со Оук­ланд ат­ле­тикс, ка­де што ве­ќе ги по­стиг­ну­ва сво­и­те тро­феј­ни ре­зул­та­ти.

Со­ра­бо­тка­та со овој тим трае са­мо 18 ме­се­ци. Ве­ќе во август 2011 го­ди­на ста­ну­ва дел од Ко­ло­ра­до ро­кис. Тие го зе­ма­ат ка­ко играч, кој по­доц­на мо­же да би­де про­да­ден. По се­зо­натa, тој бе­ше от­пи­шан од спи­со­кот од 40 лу­ѓе и на 6 октом­ври из­бра сло­бод­но за­ста­пу­ва­ње. Не­кол­ку ме­се­ци по­доц­на, во ја­ну­а­ри го­ди­на­ва, ста­ну­ва член на Кан­зас си­ти ро­јалс. Ке­вин пот­пи­шу­ва до­го­вор за ма­ла­та ли­га. По­стои го­ле­ма шан­са да вле­зе во ти­мот за го­ле­ма­та ли­га, што зна­чи за­ра­бо­тка од еден ми­ли­он до­ла­ри, со мож­ност за до­пол­ни­тел­ни 300.000 до­ла­ри, во за­вис­ност од не­го­ва­та игра.

Но, до­бра­та игра не бе­ше дел од не­го­ва­та ка­ри­е­ра го­ди­на­ва. Ја про­пу­шти крал­ска­та игра по­ра­ди сла­би­от ефект. Но, аме­ри­кан­ски­те ме­ди­у­ми ко­мен­ти­раа де­ка со 31 го­ди­на тој има мож­ност за по­го­лем на­пре­док.

kevin_kouzmanoff_2009_08_28

Гранс­лем-хо­умран (Grand slam home run)

Ма­ке­дон­ска­та ма­ши­на е еден од че­тво­ри­ца­та про­фе­си­о­нал­ни игра­чи што ус­пе­а­ле да на­пра­ват гранс­лем-хо­умран при пр­во­то топ­че упа­те­но кон нив во се­зо­на­та. Тоа пр­во му ус­пе­а­ло на Бил Дагл­би во 1898 го­ди­на. По­тоа е Џе­ре­ми Хер­ми­да во 2005 го­ди­на, а ед­на го­ди­на по­доц­на тоа му ус­пе­ва и на Куз­ма­нов и тоа ка­ко прв со та­ков ефект по пр­во­то фа­ќа­ње на пал­ка­та и со пр­во­то топ­че упа­те­но кон не­го. По не­го, во 2010 го­ди­на тоа му ус­пе­ва и на игра­чот Да­ни­ел На­ва.

Пла­та од 4.750.000 аме­ри­кан­ски до­ла­ри

Играј­ќи за Оук­ланд ат­ле­ти­ка, ми­на­та­та го­ди­на Куз­ма­нов за­ра­бо­тил 4.750.000 аме­ри­кан­ски до­ла­ри . Од 28 игра­чи во Оук­ланд ат­ле­ти­ка тој е на ше­сто­то ме­сто по ви­си­на на сво­и­те при­ма­ња. За пла­ти за си­те игра­чи ти­мот од­вои 66.536.500 до­ла­ри, а пла­та­та на Ма­ке­дон­ска­та ма­ши­на е 7,1 про­цен­ти од це­ла­та су­ма. Про­сеч­ни­те при­ма­ња во ти­мот се ме­ѓу 1.400.000 до­ла­ри и 2.400.000 до­ла­ри. Ми­на­та­та го­ди­на во овој аме­ри­кан­ски спорт има­ло 46 игра­чи на тре­та­та ба­за, а про­сеч­на­та за­ра­бо­тка на игра­чи­те од оваа по­зи­ци­ја из­не­су­ва 4.309.857 до­ла­ри. Со сво­и­те при­ма­ња Аме­ри­ка­не­цот со ма­ке­дон­ско по­тек­ло се на­о­ѓа на 15. ме­сто од 46 игра­чи.

Пишува: Билјана Зафирова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top