| четврток, 6 декември 2018 |

Берлускони: Подобро затвор отколку општествено полезна работа

Врховниот суд на Италија во вторник треба да ја разгледа жалбата на Силвио Берлускони на пресудата со која тој е осуден на четири години затвор за финансиски измами во рамки на аферата Медиасет.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека, во случај Врховниот суд да ја потврди пресудата дека е виновен за финансиски малверзации, повеќе сака да оди во затвор, отколку во центрите каде осудениците извршуваат општествено корисна работа.

„Нема да прифатам да извршувам општествено корисна работа, како криминалците кои треба повторно да се едуцираат“, изјави Берлускони за италијанскиот дневен весник Либеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top