| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Поградец се залага за изучување на македонскиот јазик во општинските училишта

artan skmbiГрадоначалникот на Поградец, Артан Шкмби на тркалезната маса по повод Рамковната конвенција за заштита на малцинствата во Москополе, Албанија, изјави дека не треба многу да се верува на меѓународните институции затоа што тие работат на страна на државата и користат двојни стандарди.

“На некој начин меѓународните институции работат на страна на државата, и препорачуваат на неа, но таму каде што сакаат поставуваат услови, ако не се направат овие нема напредок, таму каде што не сакаат препорачуваат. Обично така прават со двојни стандарди. Јас не верувам дека треба да се има некоја надеж од меѓународните институции во смисла што сигурно дека тие се неопходни, сигурно нивната помош е неопходна, но треба повеќе пристисок од ваша страна и од наша страна  што меѓународните институции не само да препорачуваат но и да ја принудат владата, што ако ова држава сака да биди дел од Европска унија сигурно дека треба да исполни условите, а не само да ги прифаќа нивните препораки”- изјави Артан Шкмби.

На дискусијата Васил Стерјовски од македонското малцинство рече дека Албанија не ги исполнува препораките на Советот на Европа за образование на мајчин јазик за малцинствата, и не дозволува образование на македонски јазик во Голо Брдо иако е испочитувана законската процедура. Градоначалникот Шкмби пак изјави дека многу би сакал во Поградец да има училишта за изучување на македонскиот јазик, и тој прв  со голема желба ќе ги прател своите деца да учат македонски јазик.

“Ние како локална власт сме поотворени за барањата на малцинствата, ако тука јас слушнав од вас дека правите барања за отварање на неколку класови за изучување на јазикот не некое малцинство и министерството се колеба да ги одобри или и го попречува овој процес, ние сме многу поотворени затоа што пожелуваме да ова нешто се случи во нашите градови. Пожелуваме затоа што ние ги чуствуваме од поблиску потребите на нашите граѓани. Во Поградец јас многу ќе сакав да имавме училишта за изучување на македонскиот јазик, затоа што јас прв моите деца ќе ги пратев со голема желба да учат македонски јазик, затоа што ние сме само половина час далеку од Охрид. Сакам да кажам, дека ако јас со мојата сопруга и децата за викенд одиме натака и правиме и малку пазар, сигурно дека имат тешкотии во комуницирањето и соработкта и сигурно како можи да оди моето дете само во една продавница и не го знае јазикот за да комуницира и со обедува со рацете и со знаци со некои луѓе кои јас ги имам поблиску од Прењас, Корча или Елбасан. Ние сакаме да го развиеме регионалниот туризам, ние сакаме луѓето да се движат во Охрид, Струга и Поградец и ако ние не комуницираме и немаме ист јазик на комуникација и да се разбериме ,незнам како можи да развиваме туризам и да ја подигнеме благосостојбата. Го дадов ова како пример за да кажам дека ние сме пожелни да ги имаме овие размени, во меѓувреме централната власт со сигурност мисли дека ни растат малцинствата, ќе имаме многу странци.” – истакна Артан Шкмби

Додека на барањето на Васил Стерјовски за давање на простории од страна на општината за канцеларии за македонското малцинство во Поградец каде би се одржувале курсеви по македонски јазик, градоначалникот на Артана Шкмби се согласи и истакна дека општината ќе излези во пресрет на ова барање и дека општината ќе даде бесплатни простории за македонското малцинство кој би се користеле за канцеларии за одржување на курсеви за македонски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top