Грчките медиуми се осврнуваат на вчерашната средба Иванов- Оланд, па пишуваат дека „Францускиот претседател Франсоа Оланд е подготвен да игра активна улога во решавање на прашањето за името на Македонија“.„Истакнувајќи ги добрите односи кои Париз ги има и со Атина и со Скопје, Оланд нагласи дека Франција сака да помогне во изнаоѓање решение, со цел, меѓу другото, да се отстрани главната пречка на патот на соседната земја кон Европската унија“, пишува весникот „Имерсија“ под наслов „Иницијатива на Оланд за прашањето за името“.
„Елефтеротипија“ се надоврзува дека „една недела по писмото на македонскиот премиер Никола Груевски до неговиот грчки колега Андонис Самарас, францускиот претседател се понуди да помогне во решавање на прашањето“.
Грчките медиуми потетиваат дека оваа изјава Оланд ја даде на маргините на самитот на Брдо Процесот.
„Важно е да се спомене дека Оланд е првиот влијателен европски лидер кој е поканет да учествува на самитот, кој го покренаа Словенците и Хрватите кои до скоро имаа големи несогласувања но беа решени со компромис по што Хрватска од 1 јули стана членка на Европската унија“, коментираат грчките медиуми.
Весникот „Етнос“ пипува дека Оланд на заедничка прес-конференција со словенечкиот претседатл Борут Пахор ја „повтори заложбата на Франција за ширење на Европската перспектива“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


