| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонија 2025“: Втор Глобален инвестициски самит

Macedonia-2025„Македонија 2025“ од 8 до 10 октомври годинава ќе го организира вториот Глобален инвестициски самит на кој ќе учествуваат претставници на големи меѓународни компании и домашни бизнисмени.
Претседателот на „Македонија 2025“ Мајк Зафировски соопшти дека целта е привлекување странски инвестиции и зголемување на конкуреноста на домашните компании преку иновација, претприемништво и трансфер на знаења.

– Очекуваме голема посетеност. Имаме потврда на 15 говорници од големи компании како Мајкрософт, Филипс, Бомбариде… Минатата година имавме 50-тина странски компании и двојно повеќе домашни. Нокиа-Сименс веќе бара начин да инвестира, а има и повеќе други контакти за да се воспостави соработка, рече Зафировски.

Претседавачот со Самитот, Зоран Мартиновски потенцира дека преку овој собир првпат во Македонија дојдоа претставници на компании кои претходно ја заобиколувале Македонија. Со присуството на претставници од највисоко ниво Македонија се става на картата на вакви настати, а Охрид го тој нарече „Кран Монтана на Балканот“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top