– Бараме решение со нашиот јужен сосед затоа што сакаме да бидеме дел од ЕУ и од НАТО. Покрај тоа што во учебникот пишува дека тоа е базирано на меѓународно право, има едно друго, многу посилно право, а тоа е кога сте внатре во клубот можете да се однесувате така како што не ви е дозволено кога сте надвор од клубот. Парадоксот е тоа што ние имаме кристално чисто досие и ги исполнуваме сите критериуми во однос на нашиот јужен сосед, но повторно го немаме консензусот во Советот, односно Грција, сепак, обезбедува да нема едногласна согласност за да добиеме почеток на преговори и тоа е нешто што е толерирано – посочи шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на конгресот на ОМД.
– Членството во ЕУ и во НАТО се стратегиски цели на Македонија, а спорот за името е пречка на тој пат и затоа Македонија води разговори за името – додаде Попоски пред учесниците на четвртата глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора осврнувајќи се на македонската надворешна политика од осамостојувањето до денес.
Според него, причина повеќе да бидеме дел од тие семејства и да бидеме дел од тие што ги донесуваат одлуките е обајснувањето што важи во политката, а тоа е „ако не сте на масата, тогаш сте на менито“, односно „некој друг ви ја крои капата“.
– Токму затоа треба да го задржиме нашиот најсилен аргумент дека сме во право, ги исполнуваме критериумите, а тоа не го велиме ние затоа што така ни одговора, туку го вели најсоодветниот орган на ОН во делот на меѓународното право, Меѓународниот суд на правдата со пресудата од декември 2011 година, каде што јасно кажува кој е, а кој не е во право, кој го прекршил договорот, кој не и што може да се очекува од нас и од нив. Тоа колку треба да го почитувате или не повторно зависи дали сте внатре или не. Значи, имате еднакви и поеднакви – појаснува шефот на дипломатијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Мора да бидеме примени со уставното име – рече, па се порече Фрчковски (ВИДЕО)


