| четврток, 6 декември 2018 |

Необично: родено е „загаре“ – мелез од зебра и магарица (ВИДЕО)

zonkey zebra magare zagare

„Загарето“ Иги

„Загарето“ („Zonkey“), како што на шега го нарекуваат медиумите, се роди во Зоолошката градина во Фиренца. Малечкиот Иги е зеброид, односно мелез од зебра и магарица и иако има боја на влакната како магаре, на него јасно се гледаат и ригите карактеристични за зебрите.

Иги е еден од неколкуте ретки случаи од овој вид мешање на овие видови животни, а за сѐ е виновен таткото зебра, кој ја прескокнал оградата од неговото живеалиште и ѝ се нафрлил на мајката магарица, која инаку била заштитен вид магаре.

Но, тоа е што е, Иги сега е во добра здравствена состојба и е една од главните атракции во италијанската зоолошка градина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top