| четврток, 6 декември 2018 |

„Балканот не е мртов“ на Поповски патува на фестивал во Франција

balkanotФилмот „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски ќе биде прикажан на филмскиот фестивал „Една земја, еден филм“ во Апшат, Франција.

Како што велат од продукцијата „Кинооко“, неговата проекција е закажана за идната среда.

Филмот на Поповски, кој помина неверојатна голгота на подготовки од 2001 година, кога се роди идејата за негово снимање, до конечната реализација, премиерно беше прикажан лани на фестивалот „Браќа Манаки“, но со работна верзија и непрофесионално сработен тон. Работната верзија на филмот беше прикажана и на маркетот на ланскиот „Берлински филмски фестивал“.

Неговата скопска премиера е најавена за крајот на септември, а во меѓувреме се очекуваат и неколку учества на европски фестивали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top