Ако сметате дека некоја соджина не треба да во стои отворена за сечии очи на вашиот фејсбук профил, а таквите содржини најчесто се оставаат да се насоберат со време, наместо досегашното мачно решение да бришете се од почеток, алатката “Facеwash” го прави тоа за вас. Чисти се, од слики, до коментари ваши или туѓи, до закачени препратени песни, или видео материјали.
“Facеwash” е дело на група студенти од “Three Kent State” универзитетот, која ги вклучува и опциите за пребарување на вообичаените “валкани и безобразни” зборови, на чија основа се брише сета недолична содржина или се менува опцијата на приватност. Со тоа, овозможена е и опција за пребарување на ликови кои сте ги “лајкувале”, а кои не би требало да бидат видливи за никој освен за вас. Една од погодностите е што апликацијата може да се намести да работи на сите јазици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


