Популарниот српски пејач бара млада девојка, талентирана за музика. Тој сака да отпее една песна со некоја добра пејачка чија боја на гласот добро ќе се вклопува со неговиот глас.
-Не мора да биде европска ѕвезда, дури не мора да биде ниту позната – рекол легендарниот српски пејач,кој го започна снимањето на новиот албум.
Познатиот пејач, за српските медиуми, рекол дека имал повеќе потенцијални дуети, но ниеден не е реализиран.
– До сега во кариерата не сум работел дуети. Би сакал да најдам млади соработници, би ми одговарале текстови кои и се допаѓаат на младата публика – рекол Чола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


