| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски: Мора да се засили посветеноста и од Македонија и од Грција

 

nikola-popovski1gАко не ја засилиме посветеноста и не го подигнеме нивото, повторување на истиот пристап нема да му помогне на амбасадорот Нимиц да ја надмине разликата. Но, за  да се случи тоа, потребна е согласност и посветеност во Атина. Тоа имаме право да го очекуваме со оглед на долготрајните опструкции во евроатланските интергации – посочи министерот за надворешни работи, Никола  Попоски, на денешната средба со високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон.

На средбата во Брисел, високиот претставник Ештон ја пренесе нејзината заложба за напредок на Република Македонија во евроинтегративните процеси, при што ја повтори поддршката на Советот во таа насока. Таа ја нотираше потребата од наоѓање решение за разликата околу името, што е можно поскоро.
Министерот Попоски ја запозна со напорите кои Република Македонија ги прави за надминување на разликите со нашиот јужен сосед. Тој ја истакна посветеноста што Република Македонија ја има во процесот на европската интеграција. Притоа, Попоски ја потенцираше неопходноста да ѝ се овозможи на Република Македонија да напредува на патот кон членството во Унијата, во согласност со постигнувањата. Тој ги истакна заложбите за постигнување консензус во рамки на Советот на ЕУ. Во тој правец ги афирмираше иницијативите кои Република Македонија ги презема, особено корисноста од фокусиран дијалог со јужниот сосед, во рамки на процесот воден во Обединетите нации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top