До петок треба да се знаат детали за законот за селективна амнестија. Копретседателката на телото за помирување Емилија Александрова изјави:
-Посебно беше напоменато дека се чека подобрување на општата атмосфера со отпочнување на процесот на помирување, што е многу значаен и пресуден во нашата држава.
Неофицијално опцијата за која најсериозно се размислува е целосна амнестија за сите обвинети за Крвавиот четврток на кои им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност, а потоа оние кои според критериумите за селекција на власта и опозициската осумка треба да одговараат да се отвори постапка за нови кривични дела.
Од власта пак само потвруваат дека на правните формулации работат правни експерти.Тврдат дека какво и да биде решението нема да смее да се толкува како директно мешање на владата и Собранието во јавното обвнителство и судот. Повторуваат дека амнестирани од одговорност нема да бидат насилниците и организаторите, како и оние кои имаат командна одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст