недела, 20 јануари 2019 | Вести денес: 0 ново

Жените во Австралија протестираат против нееднаквите плати

Во средата во Сиднеј се одржа мал протест во кој група жени, и неколкумина мажи, бараа еднакви плати без разлика на полот.

Околу 100 жени ги напуштија своите работни места во 15:50 часот, односно токму тогаш кога жените престануваат да земаат плата за својата работа во споредба со мажите, велат организаторите на протестот.

Портпаролката на кампањата наречена #WalkOutOz изјави дека целта на протестот е да се промени начинот на кој луѓето размислуваат, како и да се постигне еднаквост за сите.

Според истражувањето на Светскиот економски форум, жените во сите земји од светот се помалку платени од мажите. Иако дискриминацијата врз основа на полот е забранета во многу земји низ светот, законите се далеку од ефективни, покажува истражувањето.

Жените во Австралија во просек заработуваат 84 центи за секој долар што го заработуваат мажите, што значи дека еден маж кој работи со полно работно време годишно заработува околу 27.000 австралиски долари повеќе од една жена со истото работно време, истакнуваат од австралиската Агенција за родова еднаквост на работното место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top