Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија уапси две лица од Скопје, поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
По издадени наредби од Основен Суд Скопје 1 Скопје биле извршени претреси во домовите на двете лица.
– При претресот кај едниот, биле пронајдени околу 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети екстази како и четири дигитални ваги, пиштол „Ekol“ со рамка, револвер, околу 20 куршуми различен калибар, повеќе сим картички, панцири, фантомки и лисици.
Во вториот претрес кај другото лице е пронајден еден пушко – митролез и марихуана, соопшти МВР.
По целосно документирање, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст