| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов доследен во одбраната на уставното име – со лист го покри “Former Yugoslav”, па ја претставуваше Република Македонија во ОН

Еден мал детал од Полска, снимен вчера, а кој помина незабележано, кажува многу за борбата за зачувување на сегашното име на македонската држава и методите што притоа се употребуваат.

Доследен на одбраната на уставното име на земјата и на заклетвата при стапувањето на функцијата претседател во два мандата, Ѓорге Иванов и на меѓународната конференција во Полска седна зад натпис „Република Македонија“, иако импровизиран.

Со оглед на тоа дека организатор на Самитот за климатските промени во Катовице се Обединети нации, каде што земјата што ја претставува тој е примена под привремена  референца, по „диверзијата“ врз табличката со англиската верзија со покривање на „Поранешна југословенска…“ Иванов е овековечен зад натпис со уставното име.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top