фото: Канал 5
Втор дена фризерката Благица Дончевска ја дава својата одбрана за станбената измама во Основниот суд Скопје 1, известува „Канал 5“.
И денеска во голем дел Дончевска зборуваше за тоа дека дел од оштетените ја ширеле мрежата нудејќи од евтините станови на своите пријатели, а за возврат земале провизија.
Двајца од оштетените кој Дончевска ги кажа со име и презиме, тврдеше дека го ископирале нејзиното ливче на кое била запишана квадратурата и цената на становите и потоа ги нуделе на други купувачи.
Неколку суми, според Дончевска, дури биле уплатувани кога таа не била во Македонија, на тој начин сакајќи да посочи дека таа самата не ги знаела сите купувачи.
За татко ѝ, кој е обвинет за помагање, изјави дека не бил запознаен со нејзината работа и со проектот со становите и дека парите за становите биле уплатувани на неговата сметка бидејќи нејзината сметка била блокирана, кога оделе заедно да ги подигнуваат парите од банка тој ја прашувал од каде ѝ се тие големи приливи, а таа му рекла дека сѐ е во ред и дека работи според законот.
Откако Дончевска ќе заврши со своето излагање, во судница ќе влезе и нејзиниот татко Ацо Вељановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



