| четврток, 6 декември 2018 |

Просинечки пак на операција

Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, повторно бил опериран во Клиничкиот центар во Сараево.

Као што објави „Дневни аваз“, Просинечки, бил опериран во саботата, ден пред ждрепката за квалификациските групи, за ЕУРО 2020.

Селекторот на БиХ, поради проблеми со дебелото црево, беше опериран на 23.ноември. По враќањето од Лас Палмас, каде БиХ играше пријателски меч со Шпанија, Просинечки се пожалил на болки во стомакот, поради што морал да биде опериран.

За втората операција лекарите се решиле бидејќи раната од првиот хируршки зафат бавно зараснувала.

Според извори од Клиничкиот центар во Сараево здравствената состојба на Просинечки е стабилна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top