Изјавата на премиерот е несериозна и се граничи со лудост, вели за „Пресинг ТВ“ поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.
Овој став е одговор на индиректното вперување на прстот кон него од страна на премиерот Зоран Заев при обелоденувањето на сознанијата за прислушување на фиксната телефонија во обвинителството и во судот.
Панчевски, кој беше претседател на Судот во периодот од декември 2012 до декември 2016 година, вели дека во судот наследиле централа од 80-тите години, а што и како имало инсталирано на неа, како што вели, само еден Господ знае.
- Набавката на нова централа, нормално бара параметри, што ќе можат да се користат со години нанапред. Кој и како ги одредувал тие параметри, јас не знам, зашто не сум ни стручен, ни имам познавања за тоа. Но, верувам дека истрагата може да утврди се, иако лично се сомневам дека воопшто ќе има таква истрага. Зашто, досега видовме и слушнавме многу приказни, што останаа без вистински одговори и резултати, како што беше примерот со АКМИС системот. Еве, нека се проверат и централите и на Владата, и на СЈО, и на ЈО. Претпоставувам дека нема да постои разлика во нивните параметри. Работата е во нешто друго. Целата нова приказна треба да има психолошки ефект и да послужи како спотер за замајување на јавноста и сите да не доведе до ниво на општа параноја. И не случајно. Зашто, сето ова, од една страна, е еден вид притисок за да се влијае врз работата на обвинителството и судството. А, од друга, пак, наводно прислушуваните и снимени разговори ќе треба да се користат по потреба, во некои нови идни предмети и процеси, со што само ќе се вртиме во тој параноичен круг. Да не заборавиме, незаконски прислушуваните разговори веќе се легализираа и таа пракса сега ќе треба да продолжи, по што ќе нема ни збор од владеење на правото и правдата – изјави Панчевски за „Песинг ТВ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст