| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно откриено зошто нема информации за состојбата на Шумахер

За здравствената состојба на Михаел Шумахер јавноста речиси воопшто нема информации, а неговата менаџерка Сабин Кем ги открива причините за тоа.

  • Медиумите немаа можност да известуваат за приватниот живот на Михаел и Корина. На пример, кога беше во Швајцарија, тој беше само една обична личност. Во еден долг разговор ми рече: Нема потреба да ми се јавуваш следната година, се повлекувам од јавноста. Сметам дека тоа беше неговиот таен сон, еден ден само да исчезне. Токму поради тоа и денес сакам да ги почитувам неговите желби и не сакам било што да протече во јавноста за него – вели Кем, а пренесува „Мирор“.

Негова роднина неодамна откри дека тој сè уште се наоѓа во тешка состојба, седи во инвалдиска количка и плаче. Се претпоставува дека Шумахер моментално се наоѓа под надзор на медицински експерти во својот луксузен дом недалеку од езерото Женева во Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top