| четврток, 6 декември 2018 |

Коснет: Не може да се најдат други две пријателски земји како што се САД и Косово

Новиот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Приштина Филип Коснет изјави денеска, по преземањето на должноста, дека е подготвен за соработка со Владата предводена од Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средбата попладнево со Харадинај, Коснет пред новинарите изјави дека „не може да се најдат други две земји како САД и Косово кои имаат толку добра соработка“.

– Привилегија е што го гледам Харадинај по толку години. Не може да се најдат други две земји како САД и Косово кои имаат толку добра соработка. Се наоѓаме во историски момент, кога луѓето носат одлуки и нивните одлуки ќе се помнат долго. Едвај чекам да соработувам со Владата на Косово, изјави новиот американски дипломатски претставник во Приштина.

Косовскиот премиер изјави дека му честитал на Коснет за новата должност и му ветил искрена соработка.

– Ја искористив можноста да му честитам за должноста што ја презеде за доброто на Косово, за доброто на Америка. Му ветив искрена соработка. Задоволствo е што сме заедно, изјави Харадинај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top