По проекциите на Филмскиот фестивал во Котбус, Германија и Авторскиот филмски фестивал во Белград, Србија, филмот „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски се прикажа на 18. издание на Медитеранскиот филмски фестивал во Брисел, Белгија,
Медитеранскиот филмски фестивал стреми да направи спој помеѓу северот и југот на Европскиот континент, место кадешто би се разменувале идеи на креативците од Медитеранскиот базен со нивните колеги од северните делови на континентот. Фестивалот се одржува од 30.11 до 7.12 и ќе се прикажат филмови од дваесетина земји од Медитеранот.
Следната дестинација е филмскиот фестивал во Подгорица.
Филмот „Година на мајмунот“ до сега е прикажан на дваесетина фестивали низ светот и има добиено неколку награди, како специјалната награда од жирито на фестивалот Ciudad De Mexico, гран при на филмскиот фестивал во Лесковац, посебна награда на фестивалот на Црно море, посебно прикажување на фестивалот Timishort во Р. Романија итн.
Домашната публика, пак, ќе може да го види Коко во Свети Николе од 3 до 7 декември во Кино салата и Битола од 6 до 12 декември со проекции од 20:00 и 22:00 часот во Центарот за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст