| четврток, 6 декември 2018 |

Се ближи крајот на нашата Евро-Атлантида!

Македонски народе, ни остана само отворена борба со сите средства! Немаме веќе време за премислување и дилеми дали тоа што ни се случува е навистина тоа! Да тоа е тоа! Последна пресметка помеѓу Доброто и Злото, помеѓу Нас и Нив, помеѓу македонскиот народ и злосторничките окупатори!

 Алдо Климан

Многумина од нас, со сета чиста, невина љубов и горлива патриотска свест и страст, сторивме сѐ што знаевме, што можевме и за што најдовме сили и храброст, или барем гласно, надчовечки да крикнеме urbi et orbi, за да ја спасиме нашата единствена, премила татковина Република Македонија од најмрачното и најпогубно нацифашистичко и криминално сценарио за нејзино безобѕирно уништување, чиј мачен крај, еве, незапирливо, со секавична брзина се доближува.

Многумина, за жал, за срамота и грев, сторија сѐ и дадоа сѐ од себе, и крвнички со сите сили до крај даваат сѐ од себе тоа страшно, тоа ужасно нацифашистичко геноцидно сценарио на испровоцирано и лудачки исфорсирано национално самоубиство успешно да се реализира, и еднаш засекогаш да нѐ снема под нашето историско и единствено можно македонско име – и нас македонците како општопознат историски европски народ, и Република Македонија како слободна, суверена држава меѓу суверените држави на светот.

Многумина, пак, само резигнирано, апатично ја чекаа и ја чекаат разврската на нашата општонационална драма, сосема бледи и бескрвни во душата, неспособна ни да им затрепери додека ни се случува ова најневеројатно, најмрачно, разурнувачко тектонско поместување не само во нашата долга, сложена, тешка и маќеински неправедна историја, туку национална катастрофа воопшто незапомнета во светската историја.

А многумина сеуште само се надеваат дека сепак нема да испадне баш така страшно, дека исходот на ова внатрешно и надворешно политичко насилство нема да биде толку катастрофален, дека ќе се случи некое чудо и оти ветените посрани евро-атлантски интеграции нема да ни ја претворат Македонија во најдлабок, најцрн мрак потоната земја Евро-Атлантида.

Не, за жал, нема да се случи никакво чудо! Сѐ што требаше да се случи за срамна, невидена и безобѕирна, светски јавно обзнанета евтаназија на македонскиот народ и на Република Македонија и за беден крај на нејзината славна историја, веќе се случи во изминативе една и пол година, а сега клетите предавници на својот  македонски род, здружени со туѓинските крвници, токму со наши македонски гласови и кренати раце во парламентот, ритуално лежерно ги зачукуваат последните шајки во нашиот национален сандак пред да го спуштат во црната гробна земја. Ќе бидеме живи закопани и засекогаш заборавени!

Народе македонски, секој народ сам си ја изборува и си ја чува својата слобода! Никој нема тоа да го стори за него. Ако слободата не си ја избориш сам и ако не знаеш да си ја зачуваш, со сите средства, со бескомпромисна политичка и интелектуална борба, па, се разбира, и со најжестока борба гради в гради, со крв, солзи и жртви, како што било толкупати во нашата славна македонска историја на патот до создавањето на нашата самостојна и суверена држава Република Македонија – тогаш ти останува само најмизерно, најбедно ропство на некоја безимена, расточена народна маса, ти останува да им бидеш очаен слуга и подложник на туѓите и туѓински господари, а освојувачите отсекогаш го познаваа само тој и таков брутален јазик, јазикот на насилството, презирот, понижувањето, газењето, и целосното обесправување.

Ете, уште непокорени до крај, во ова најцрно македонско време што го броиме од стапнувањето на власт на гнасите од велепредавничката и големоалбанска клика на квислингот Заев, безброј пати, секој ден, секој час имавме можност со свои очи да видиме и врз своите ранети души да го почувствуваме дивјачкиот, злосторнички, освојувачки, насилнички, мрачен, подмолен и надреално ироничен и циничен камшик и кнут на најприземните примитивци и гангстрери од големогрчката, големобугарската и големоалбанската официјална политика. Има ли воопшто збор, има ли воопшто постапка, има ли воопшто изјава со која како последни искомплексирани фашистички лигуши и мрсулковци не се изживуваа врз ранетото тело на нашата татковина Македонија и врз нашето чесно македонско име. Силеџиска багра! Страшна, тешка морална болест им ги разјала мозоците, па како збеснати кучиња по распуштените скопски улици постојано касаа и касаат на сите страни, му нанесуваат неизлечливи крвави рани на нашиот македонски народ од чија благородност, од чија питомина и хуманост можеа само да учат и да се издигаат до она високо цивилизациско рамниште за кое постои само еден вечен и ненадминлив синоним под ова балканско, но и под целото европско небо – Македонија. Глупаци и примитивци! Можеа да учат, но не научија ништо, зашто им беше полесно да останат дивјаци и варвари, насилници, ограбувачи и убијци на цел еден невин стар народ, одошто од него нешто да осознаваат и со него да ги делат цивилизациските придобивки и доблести што тој низ историјата му ги подари на светот.

Мил мој македонски народе, што ти се случи та дозволи таа дива, примитивна орда, пијана од шовинистичка и ксенофобична омраза, жедна и распалена за безобѕирно насилство над твојата душа и над твојот ентитет, така сурово да те вјавне, пред целиот цивилизиран свет да те гази, да те малтретира и да те понижува?!

Како успеajа  при твоја здрава памет и при отворени очи да те зашеметат со ступидните евро-атлантски лаги од кои нема ништо друго освен највисока цена што ќе ја платиш со данок во крв, со данок во обезличување и целосно поништување?!

Како успеале тие смрдливи ѓубриња и таа здружена криминална банда острвени неранимајковци така лесно да те превеслаат и да те уверат дека безобѕирниот и безграничен грабеж на твоето национално историско име, на твојата Татковина, на твојата прескапоцена и низ историјата тешко изборена демократија, на твојата правна држава, на твоите институции, на сите твои национални културно-историски, нематеријални и материјални богатства, и над сѐ на твојата мајчичка Слобода, е нешто најнормално и оти токму тоа се највисоките европски и цивилизациски вредности?!

Зошто, македонски народе, се предаде така лесно, молчешкум, седејќи дома пред телевизори, и чекајќи ѓубрињата Заев, Шекеринска, Димитров, Ахмети, Џафери, Османи, Коѕиас, Ципрас, Рама, Борисов, Хан, Могерини, Жбогар, Тимоние и Бејли, тој куп никаквеци, орев да не им земеш од рака, да те однесат во некој „подобар“ живот и во некој „волшебен, поубав“ евро-атлантски свет?! Не, најмили мои, тие се нашите црни гробари и гробари нашата татковина Република Македонија, гробари што нас како народ топтан нѐ носат „на оној друг свет“, од каде што веќе нема враќање!

Не седете дома и, надевајќи се на невозможното и неостварливото, не гледајте го на телевизија умоболниот парламентарен ритуал на нашиот национален погреб! Готово е, остануваме без сопствено име и без сопствен дом! Не надевјате се дека тоа нема да се случи, зашто откако, со сите незаконски средства и каубојски револверашки методи се дограбија до власта се случи токму сето она за што трубеа дека никогаш нема да се случи! Безобѕирната уличарска лага и подмолната измама и заведување за нив се единствената смисла и начин на живеење! Што поперверзно, што полигаво – тоа поуспешно!

Македонски народе, знај дека чукна последниот час, и, еве, штотуку отчукуваат навистина и последните минутки! Тие невидени гнаси, тие нелуѓе, тие сеништа на најмрачното во човекот, тие клети трговци што нѐ предадоа и што нѐ продадоа на нашите баш-душмани – тие треба веднаш, на клоци да летаат во Вардар и низ Вардар! Не им е местото во нашиот највисок национален претставнички дом и во владата што ги заземаа со државен удар, каде што сега, со филџан в рака, мирно го приведуваат кон крај својот мрачен ниет, најбанално, „без истрелан куршум“, административно сосема да нѐ пребришат, додека ние си мислиме и се надеваме дека тоа што се случува всушност не се случува, дека ни се причинува, и оти македонската национална смрт е само обична медиумска фама.

Не, мил мој македонски народе, не се лажи повторно, тоа не е фама, тоа е еден бестијален, манијакален, лудачки риалити шоу во кој ѓубрињата мајсторски нѐ вовлекоа, нѐ вцицаа, и од кој сега може да се избега само со истовремен општонационален бунт, и тоа овој час, веднаш, во сите македонски градови и села, на сите работни места, во сите институции, со општ бојкот и општа парализа на државата! Немаме друг спас! Цивилизациска Смрт или цивилизациска Слобода!

И, да не се лажеме: нема ништо од изборите! Далеку е тоа Сонце! Далеку е Слободата! Доколку чекаме со следните избори од власта да се симне оваа збудалена криминална и кримогена диктаторска клика, ние нема да ја презимиме ниту оваа „зима на нашето незадоволство“ во својот единствен и најтопол дом, во својата единствена татковина Република Македонија, туку – и тоа не само симбоилично! – ќе бидеме натоварени во евро-атлантски логорски, бегалски вагони, упатени кон Никаде, со ознака на ракавите „Северна“!

Затоа, долу сите партиски опозициски суети и меѓусебни политички натпревари! Ова веќе одамна не е прашање на големина на партиите по бројот на членството, или спротивставување и натпреварување на идеологии и светогледи! Ова е судбоносно прашање за спас на Македонија која ни отиде поѓаволите! Само безрезервно и решително надпартиски здружена и обединета сета опозиција, заедно со сите други истоимислечки граѓански организации, може веднаш да се здобие со сеопшта доверба на изневерениот и измамен македонски народ и на сите граѓани на Република Македонија, и енергично вонинституционално, со целосен бојкот и „виртуелна кома“ и парализа на заболената држава, нагло и успешно да ја повлече рачната кочница непосредно пред најдлабокиот амбис, на чекор до смртта!

Има ли Македонија така храбар и решителен лидер што јасно и недвосмислено ќе се издигне над бавното македонско партиско-бирократско секојдневие, соодветно за некои други, смирени, бавни времиња, но не и за овие пресудни, драматични моменти на целосен национален ужас и очај, во кои безмилосно ни ја черечат државата?!

Знам, се чини апсолутно неверојатно, но токму ваквите најтешки и најпресудни моменти во историјата неретко раѓаат и особени личности, кадарни околу себе силно и цврсто да го обединат и кон Слобода да го поведат својот народ.

Во спротивното, едноставно сме осудени на тоа црниот национален некролог, што во пизда-парламентот сега забрзано го довршуваат, да ни го залепат велепредавникот Заев и неговите компартиски и големоалбански мрачни сеништа од трагичниот „евро-атлантски“ психопатолошки бал на вампирите?

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top