| четврток, 6 декември 2018 |

Експлодирал бојлер во кавадаречка градинка

Експлодирал бојлер пред купатило синоќа во објект од кавадаречка градинка, за среќа нема повредени, информацијата ја потврдија од Теритиријалната противпожарна единица од Кавадарци.

– Ни трага од бојлер по експлозијата, само грејачите беа останати. Мијалникот беше сокршен, плочките одоколу одлепени. Вратата која била отворена, ја најдовме нагорена. Таму, но и во ходниците имаше поголемо количество чад – појаснија од противпожарната единица.

Пожарот прво бил забележан од обезбедувањето на градинката кое вршело патрола.

– Нивната навремена дојава и нашата навремена интервенција спречија поголема трагедија – рекоа од противпожарната служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top