| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајна несреќа во Скопје, две лица пренеси во Ургентниот центар

Вчера во попладневните часови на улица „Архимедова“ во Скопје се случила сообраќајна незгода.

Во несреќата која се случила помеѓу патничко возило „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишен скопјанец и патничко возило „Мерцедес А180“ исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишен скопјанец, возачот на мерцедесот се здбоил со тешки телесни повреди, а сопатникот во возилото „Фолксваген поло“ се здобил со телесни повреди, информираат од полицијата.

Оттаму додаваат дека со возило на итна медицинска помош тие биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top