| четврток, 6 декември 2018 |

КАРИЛ доби нов апарат за полесно да се интубираат пациентите

Министерството за здравство набави нов апарат за видео лариноскопија и ендоскопија за обезбедување на дишен пат, вреден 70 илјади евра, наменет за пациентите кои се лекуваат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ.

Со помош на овој апарат, анестезиолозите ќе можат полесно да интубираат пациенти кои се хоспитализирани на оваа Клиника и се во ризик.

Директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова Мијовска, вели дека досега овие зафати се правени механички со директна визуализација, а отсега тоа ќе се работи со овој порт, кој има мала камера и екран кој на анестезилогот и неговиот тим имаат комплетен увид како се прави зафатот.

– Оваа платформа е многу важна за лекарите, но и за пациентите на кој треба да им се се поставуваат тубуси. Поставувањето на тубусите е неопходно за сите пациенти врз кои се врши некој посериозен зафат. Ова е навистина голема придобивка за сите, многу вреден апарат – вели д-р Мојсова Мијовска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top