| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Маја Вукичевиќ: Мамо јас и ти заедно пораснавме

Велат среќата ја прават малите нешта, но денес е онаква голема, огромна што ми го исполни срцето. Кога тргна во прво одделение ти кажав учи сине за себе, не за оценки… Летна времето… Моето прваче на кое му велев, ќе те оставам на раат кога ќе дипломираш, денес стана дипломиран економист. Понекогаш знаеш да се пошегуваш и да кажеш, мамо ние заедно пораснавме, па кога ќе помислам дека на овој свет те донесов со штотуку наполнети 20 години… има малку вистина во тоа. Но ти направи мојот живот да има смисла, секоја твоја насмевка, успех… Една мисла водилка, една желба горела и гори во мене, да си среќен и да станеш свој човек мило мое и запомни парчето хратија не ти дава тебе вредност,, ти треба да и дадеш вредност на таа диплома. Ти честитам сине и те сакам неизмерно. П.С. Те излажав, мајките никогаш не ги оставаат на раат своите деца… – вака македонската пејачка Маја Вукичевиќ му го честиташе дипломирањето на својот син на Инстаграм.

Таа објави фотографија со синот во холот на Економскиот факултет во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top