| четврток, 6 декември 2018 |

Милошевиќ е погребан без мозок!

Телото на поранешниот претседател на Србија и воен злосторник Слободан Милошевиќ, по смртта на 11 март 2006 година во холандскиот затвор во Шевенинген, во Србија било префрлено без мосок. Кристијан Шартије, во тоа време портпарол на Трибуналот во Хаг, тврди дека тој орган бил изваден пред телото да се пренесе во неговата родна земја.

– Се сеќавам дека телото на Милошевиќ во март 2006 година е вратено во Србија без мозок. Не знам што се случи потоа, дали мозокот е вратен на семејството цел или во делови, или останал на институтот, или е уништен – рекол Шартие за BBC, пренесува српски Курир.

Една од можните причини за тоа, како што се шпекулирало во кругови блиски на поранешниот хашки осуденик, е прикривање на трагите кои би укажале на присуство на некои супстанци кои биле кобни за неговиот живот. Особено бидејќи некои отрови брзо се разградуваат во организмот, а нивни траги остануваат само во мозочното ткиво. Патологот др Зоран Станковиќ објаснил за Курир дека во моментот на смртта во затворски околности, во текот на обдукцијата, често се земаат и чуваат делови на органи и ткива.

– Можно е дел од мозокот да е земен за хемиска и токсиколошка анализа. За тие цели се земаат човечки течности: крв, урина и содржина од желудникот. Потоа, делови на органи како што се мозокот, бели дробови, срце, џигерот со жолчната кеса, делови од бубрезите, слезинка, бешика, тенко и дебело црево и се прави контролна токсикологија. Можно е некои делови да се земени и од неговото тело и да не се вратени назад. Тие се чуваат од шест месеци до една година – вели Сртанковиќ.

Тој додава дека се зема околу 100 грама од органот и дека тоа е доволно да се направи хемиска и токсиколошка анализа.

Адвокатот Тома Фила целосно ја отфрла можноста дека мозокот на Милошевиќ останал на Институтот за форензика во Холандија.

– Тоа се глупости. Во Белград исто така е направена обдукција и нема основ дека тоа е точно. Да се испрати човек без мозок, па зарем во сериозна држава би се случило телото на поранешниот претседател стигне без глава или мозок и тоа така да помине – вели Фила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top