| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени 30 членови на италијанска мафија

За време на операцијата против италијанската таканаречена „Четврта мафија”, полицијата уапсила 30 осомничени членови на бандата.

Италијанскиот обвинител во случајот против мафијата, Федерико Каферо де Рахо, изјави дека уапсените луѓе според досегашните податоци кои ги поседуваат, се занимавале со изнудување и насилство.

Според информациите, членовите го правеле тоа со цел да имаат контрола над, како што беше посочено, нивната „територија“. Тие се уапсени, најверојатно, според дел од медиумите во југоисточна Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top