| четврток, 6 декември 2018 |

„Лудакот“ Биелса за Алиоски: Нема да го критикувам бидејќи многу ми се допаѓа

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски е „на пик“ на навивачите на Лидс, кои веќе подолго време бараат од неговиот тренер Марсело Биелса да го исфрли од првиот тим. Коментарите станаа уште погласни откако тој во една ситуација се обиде да одглуми пенал, но сепак аргентинскиот стратег јасно стави до знаење дека има апсолутна доверба во нашиот интернационалец.

– Ова е спорт и во даден момент секој може да се обиде да стори нешто нечесно за да дојде до резултат. Не велам дека е во ред, но сите што се во спортот ќе се согласат дека во одредена ситуација би направиле нешто што не е во нивниот вообичаен карактер. Накратко кажано – Нема да го критикувам Алиоски бидејќи многу ми се допаѓа, истакна „Лудакот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top