| четврток, 6 декември 2018 |

Ги онесвестувал со бокс, па ги давел: Сериски убиец призна убиство на 90 жени

Американец, кој од 2014 година се наоѓа на отслужување доживотна робија поради убиство на три жени, призна повеќе злосторства извршени во изминатите четири децении.

Американскиот сериски убиец призна дека извршил 90 убиства ширум САД во изминатите четири децении, поради што е покрената истрага.

ФБИ верува дека 78-годишниот Самјуел Литл, кој веќе се наоѓа в затвор, е еден од најсмртоносните сериски убијци во историјата на САД.

Службите ширум земјата сега вршат споредба на неговите зборови со убиствата на повеќе десетици жени од 1970 до 2005 година. Полицијата тврди дека досега има докази за поврзаност на Литл со 34 убиства.

Тој за жртви одбирал маргуинализирани жени, често проститутки или зависнички. Како поранешен боксер, Литл своите убиства ги почнувал со тешки удари по лицето, а ги завршувал со давење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top