| четврток, 6 декември 2018 |

Тргнал за Аргентина, се приземјил во Келн: Aвионот на Меркел морал принудно да слета

Авионот во која била германската канцеларка Ангела Меркел, попладнево морал принудно да слета во Келн. Германската канцеларка тргнала за Аргентина на самиот Г20, меѓутоа морала да се врати во Германија.

Авионот слетал во Келн поради проблеми со електронскиот систем кои биле забележани додека биле над Холандија, известуваат германските медиуми. Со неа во авионот бил и германскиот министер за финансии Олаф Шолц.

Меркел полетала од Берлин во 18:50 часот, но авионот по околу еден час во воздухот морал да сврти и да се врати во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top