| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Повратот на ДДВ ќе стартува од 1 јули, првите шест месеци ќе бидат експериментални

Премиерот Зоран Заев на денешната седница на пратенички прашања најави дека повратот на 15 отсто ДДВ ќе почне да се спроведува од 1 јули идната година, но во првите 6 месеци ќе биде експериментален. Заев образложи дека системот бил подготвен да почне порано, но поради одредени законски одредби почекале, а официјално во зависност од резултатите, мерката би требало да стартува од 1 јануари 2020 година.

– Картичките се лимитирани до 30 000 за да се направи фер распределба затоа што побогатите трошат повеќе, па и повратот на данок би бил поголем. Системот е целосно подготвен за ставање во функција. Експериментално ќе се однесува на граѓаните кои се приматели на социјална помош и оние семејства кои
имаат по еден вработен, за да можеме да дадеме шанса за овие 6 месеци на најсиромашните грашаѓани, појасни Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top