Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице со подружница во Делчево и Т.Н.(37) од Скопје, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на добиточна храна или вода“.
На 25.07.2018 година во Делчево, од објектот на првопријавеното правно лице, во кое второпријавениот е управител, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница биле испуштени отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на рибите во реката Брегалница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст