| четврток, 6 декември 2018 |

Се судрија автомобил и мопед во Кавадарци, мотоциклистот тешко повреден

На крстосницата на улиците „Слога“, „Киро Крстев“ и „Димче Мирчев“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Д.Р.(72) и мопед „Томос“ без регистарски ознаки, управуван од Б.О.(34), двајцата од Кавадарци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој со возило на Итна медицинска помош од Кавадарци е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top