| четврток, 6 декември 2018 |

Во подметнат пожар изгоре автомобил на семејството на Миле Зечевиќ (Видео)

Во пожар целосно изгорел автомобил „тојота корола“ паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1. Опожарениот автомобил бил паркиран на улицата пред куќата во која живее Миле Зечевиќ, а возилото е во сопственост на неговата сопруга.

Се претпоставува дека пожарот, кој избувнал утрово околу 3 часот, бил подметнат.

Полицијата извршила увид, но сѐ уште го обезбедува местото.

Миле Зечевиќ е член на Централниот одбор на СДСМ.Во 2006 година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а претходно и шеф на кабинетот на Владо Бучковски, кога овој беше министер за одбрана.

mkd.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top