| четврток, 6 декември 2018 |

Михаил Гаревски: Смешно е повикувањето на Кензо Танге за висококатниците кај ГТЦ

Поранешниот директор на реномираниот скопски Институт за земјотресно инжењерство и сеизмологија Михаил Гаревски во изјава за „Скопскоехо“ вели дека е смешно повикувањето на Кензо Танге за висококатниците кај ГТЦ.

– Последните настапи на надлежните потврдуваат дека работите се прават така како што им одговара на оние што сакаат да градат, како што им одговара на градските и општинските власти. Се очекува, очигледно, добар профит од сето тоа. Тоа ќе биде на штета на граѓаните на Скопје, но и на државата. Мене ми е смешно повикувањето дека и Кензо Танге во својот проект за Скопје таму предвидувал висококатници. Прво, градоначалникот на Центар се повикува на планот на Танге од кој што е значително, значително е отстапено во обновата на градот. Градски ѕид не е како што треба, требаше да има коридор кон Железничката станица… Малку е задржано од планот на Танге за да сега некој се повикува на него – вели Гаревски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top