| четврток, 6 декември 2018 |

Митко Јанчев: Гарантирам дека Сашо, Миле и Кирил нема да бегаат!

Со целиот мој интегритет гарантирам дека Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски никаде нема да бегаат, вели нивниот сопартиец Митко Јанчев за „Дојче веле“.

  • Не се мешам во судски постапки. Лично се залагам за транспарентност во однос на притворите и на судските процеси, без политичко мешање. Во случајот со притворот за Сашо Мијалков, но и со притворите за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, мое мислење е дека изречена престрога мерка, и тоа само поради бегството на Никола Груевски. Судот можел да размисли и за алтернативна мерка, можеби за домашен притвор. Тоа се видни членови на партијата, некои од нив основачи, некои долгогодишни членови, но пред сѐ, тие се семејни луѓе. Јас, како Митко Јанчев, давам моја цврста и лична гаранција, со целиот личен и професионален интегритет и кариера, дека тие луѓе никаде нема да бегаат – гарантира Јанчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top