| четврток, 6 декември 2018 |

МПЦ – ОА бега како ѓавол од крст и не одговара како фирмата „Обновители“ е регистрирана на нивното седиште

Владиците на МПЦ-ОА бегаат како ѓавол од крст на темата поврзана со плацот пред хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје на кој ќе се градат нови станбени и деловни објекти. По вчерашната седница на Светиот синод, никој не беше расположен да говори за тоа како фирмата „Обновители“ е регистрирана на адресата токму на седиштето на МПЦ-ОА или само МПЦ и таа се јавува како нејзин косопственик, заедно со Зоран Антиќ, објави „ПресингТВ“.

„Пресинг ТВ“ се обидел да разговара со владиката Јосиф, чија епархија се водела како сопственк на земјиштето, но тој не дал одговор на ниту едно прашање.

Земјиштето уште со национализацијата било во сопственост на манастирот „Св.Атанасиј“ во Лешок, а со процесот на денационализација, што го започнал уште покојниот владика Кирил, и припаднал на Скопско-кумановската епархија. Засега останува нејасно како и на кој начин дошло до трансформација на сопственоста на земјиштето меѓу двете епархии.

Барањето за разговор со владиката Јосиф ни беше одбиено поради, наводно, негово присуство на седницата на Синодот, иако таа беше веќе завршена. Го побаравме и неговиот број, но надлежното лице немаше благослов за такво нешто, по што ни го дадоа бројот на неговиот возач. Тој, пак, вети дека по СМС порака ќе ни го даде бројот на Тетовско-гостиварската епархија, но не го стори тоа, објави „ПресингТВ“.

Повеќе прочитајте на следниот линк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top