| четврток, 6 декември 2018 |

Одземен пратеничкиот имунитет на Никола Груевски

Со 62 гласа „за“, Собранието на денешната пленарна седница му го одзеде пратеничкиот имунитет на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, а поранешен премиер Никола Груевски.

На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е Груевски.

Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.

Претходно, Комисијата со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top